Две години Донации

13 февруари, 2011

Почитувани

“Донации” овој месец прославува две години од постоењето како идеја за  хуманитарен медиум за помош на сите оние на кои им е истата потребна.

Сосем случајно, пред точно две години, двајца блогери од www.blog.com.mk, решија да ги здружат своите идеи со цел пренесување на хуманитарни апели, апели за помош и стории, со цел поголем одзив на истите.

Така настана www.donacii.blog.com. mk kој потоа премина вo http://donacii.mk/ … Идејата понатаму се прошири и на медиумот Facebook, каде се формира група со истото име, Донации, помогни , донирај и ти! .

Следен чекор беше сајтот Донации ( www.donacii.mk ) , создаден со цел да се допре до поголема маса на луѓе, и следствено на него, фан сајтот на Фејсбук- ДОНАЦИИ.

Сега е добро време да се сумираат резултатите:

-На блогот donacii.blog.com.mk имавме 3.440 посети, 6.140 погледи на страници (или 1,78 страници по посета) и 2,06 минути просечно време на посета.
-На блогот donacii.blog.mk имаме 2.530 посети, 4.950 погледи на страници (или 1,96 страници по посета) и 2,08 минути просечно време на посета.
-На страницата donacii.mk, имаме околу 13.170 посети, 30.920 погледи на страници (или 2,35 страници по посета) и 1,3 минути просечно време на посета.
-На фејсбук групата имаме 4.444 членови, и
-На фејсбук страницата имаме 10.057 фанови.

“Донации” прерасна во бренд, кој од една идеја на двајца ентузијасти зад себе има многу протуркани  апели и многу благодарни луѓе.

Со надеж за се поголема активност иво многу други форми, и со надеж дека сите ние ќе сфатиме дека Секој од нас поединечно  треба да биде промената кон подобар свет, ве поздравуваме.

Тимот на Донации”

24406_111743782198284_111743712198291_72440_7536767_n


Хуманитарна Акција “Моето срце за Јане”

21 април, 2010

Хуманитарна Акција “Моето срце за Јане”
НЕДЕЛА, 25 АПРИЛ 2010
12:00 – 16:00
ГРАДСКИ ПАРК- КАЈ ШКОЛКА, СКОПЈЕ

Манифестација по повод денот на Планетата Земја во огранизација на USAID под мотото ” Собирај PET* за подобар свет”.
*PET – Polyethylene terephthalate

Здружението “Хума Зрак” од Скопје покрена иницијатива-Искористена пластична амбалажа не е само отпад,од неа може да се помогне!-која е со хуманитарен карактер.

За оваа цел се излеани 5000 пластични шишиња од рециклирана пластика со сликата на малиот Јане Велковски и на оваа манифестација и ќе се продаваат симболично по 1 евро. Средствата ќе бидат наменети за помош на Јане,а акцијата е наречена “Моето срце за Јане”

Официјалниот дел на манефестацијата започнува во 12часот,а претходи акција на чистејње на паркот од пластични и други отпадоци во 11часот. Најавена е интересна програма,како и познати имиња.


АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА АЛЕКСАНДРА ТОДОСОВА-ГЕОРГИЕВСКА

20 април, 2010

На Александра во февруари 2001 година, на 21 годишна возраст и е дијагностицирана ретка болест ACUTE BIPHENOTYPIC LEUKEMIA. По лечењето на Клиниката за Хематологија во Скопје, постигнува комплетна ремисија и во 2002 и е направена автологна трансплантација на матични хематопоетски клетки. Седум години подоцна, во март 2009, еден месец по раѓањето на нашата ќерка Катерина, болеста се повторува. После 8 месеци, Александра успева да се избори и во октомври 2009 по втор пат е направена автологна трансплантација. Но, за жал, за само 5 месеци доживува втор релапс на ова тешко заболување.

Овој пат има уште една, последна шанса, итна алогена трансплантација од несроден дарител во странство. Лекувањето чини 250.000 евра, од кои ние треба да уплатиме 50.000 евра. Затоа ни треба вашата несебична помош, со што ќе дадеме шанса за нов живот на еден борец, кој со оваа тешка болест се бори речиси 10 години. Со тоа ќе и овозможиме на нашата едногодишна ќерка да ја запознае мајка си, бидејќи таа расте без неа поради долгата хоспитализација.

Доколку сакате и сте во можност да донирате, тоа можете да го сторите на:

Владимир Георгиевски
Трансакциска сметка: 300007016572539
Комерцијална Банка АД Скопје

Или од странство на:

Name and surname: Vladimir Georgievski
Address: Bul.Part.Odredi 72-a, 1000 Skopje, Macedonia
Account number: 0230701065323
IBAN: MK07300307010653293

Komercijalna banka AD Skopje
Kej Dimitar Vlahov, no.4, 1000, Skopje, Macedonia
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

http://www.facebook.com/group.php?gid=112755192089480&ref=nf